САМО ТАКСИ ВОЗИЛА И ГРАДСКИ ПPEВОЗ: Од наредната година најпрометната улица во Сан Франциско го затвopа сообраќајот за приватните возила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од наредната година најпрометната улица во Сан Франциско го затвора сообраќајот за приватните возила и по патиштата ќе можат да поминуваат само такси коли и градски превоз.

Сан Франциско поради метежот кој се создава на улицата Маркет ќе го забрани сообраќајот за приватните автомобили.

Градските власти на овој чекор се одлучиле затоа што сакаат да ја зголемат продуктивноста на градскиот сообраќај за да има помалку зaгадување, за сообраќајот да биде побрз, улиците посигурни и за туристите да можат слободно да се движат.

 

 

Пешаците за да стигнат до некое место во градот ќе мора да повикаат такси или пак да се возат со градски превоз. Сообраќајот за приватните возила ќе биде овозможен на другите улици, но доколку свртат накај улицата Маркет тогаш ќе бидат казнети.

 

Крајната цел е таму да се направи пешачка зона и велосипедска зона. Ова не е првиот град кој ги затвора улиците во центарот на градот и ја проширува пешачката зона во центарот на градот.

Њујорк исто така затвори 14 улици за возила, трендот се “пренесува“ низ цела Америка, но и во другите уредни држави.

 

 

 

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This