- Advertisement -
Македонскиот ракометен првак Вардар ќе игра со Киелце, а салата е веќе распродадена. „Црвено-црните“ во еден од најважните мечеви оваа сезона во групната фаза ќе имаат поддршка од трибините, но и од спортски работници.
Во ложата се сопственикот Сергеј Самсоненко, во друштво на екс-сопственикот и голем вардаров навивач Михајло Михајловски. Исто така, тука е и Веселин Вујовиќ, најомилениот тренер на вардаровата публика и на навивачите.
Дуелот ќе биде од голема важност околу втората позиција во групата А.