Синодот на СПЦ смета дека е 3лoнамерно барањето да се укине причест во време на епидемија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По видеото од Нови Сад на кое се гледа како изминатата недела верници се причестуваат од една лажичка, се огласи Синодот на СПЦ.

Од нивното соопштение се заклучува дека тие немаат намера да ги почитуваат и спроведуваат мерките пропишани од Владата за спречување на ширење на коронавирусот.

,,Синодот на СПЦ соопштува дека во сите храмови е служена литургија, пришто се почитувани сите инструкции предвидени со мерките на Владата. Неразумно и крајно злонамерно е да се очекува дека црквата ќе им го ускрати она најсветото на верниците-причеста.

Се појавија непоканети гости, антицрквени и антисрпски кругови и ним склони медиуми кои оркестрирано и клеветнички спроведуваат хајка против СПЦ“-се вели во соопштението од Синодот.

,,Дотичните граѓани ги обвинуваат верниците дека се причестуваат од една чаша( и една лажица што се гледа од снимката н.з.), а тоа е традиционален начин што се применува 2.000 години.

И ова го прогласуваат за кршење на државни инструкции, што е чиста лага, бидејќи државата не може и не се занимава со начинот на вршење на литургија и други црквени богослужења и тоа е исклучиво работа на црквата и нејзиното уредување, што е легитимно и прифатено од државата“ одговара во соопштение Синодот на СПЦ.

И додава дека никој не се причестува принудно, туку сите доаѓаат на доброволна основа.

https://www.youtube.com/watch?v=WGL8bwamvng&feature=emb_logo

Ова е снимката која беше објавена во недела и која ја крена половина Србија на нозе:

Од снимката се гледа дека сите се причестуваат со една лажичка, од една чаша, дека не се одалечени на потребното растојание и дека никој не носи заштитна маска и хируршки ракавици.

Latest News

B52Club Your Ultimate Gaming Destination in the City [088.Casino]

Are you a gaming enthusiast looking for the ultimate gaming experience in the city? Look no further than B52Club,...

More Articles Like This