СИТЕ СЕ ВООДУШЕВЕНИ: Норвешкиот Министер за транспорт и врски си поднесе оставка за да и го оствари сонот на жена му

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Норвешкиот министер за транспорт, Кетил Солвик-Олсен, денеска поднесе остаква од функцијата давајќи ѝ простор на неговата сопруга, која работи како доктор, за наредок во кариерата.

Ваквиот гест на Олсен беше поздравен во јавноста како пример за еднаквост меѓу мажите и жените.

„Беше фантастично да се работи како министер за транспорт и врски и, ако сум целосно искрен, би сакал да продолжам така до крајот на животот“, изјавил Солвик-Олсен, член на Партијата за напредок, кој на позицијата бил од 2013 година.

„Сепак, сега дојдов на крстосница во мојот живот кога е ред на сопругата да го оствари својот сон.

Сето ова е дел од договор што го направивме пред многу години“, објаснил тој.

Неговата сопруга, Тона Солвик-Олсен, ја прифатила за период од една година понудата за лекарска позиција во детска болница во САД.

Ваквата одлука наиде на воодушевување кај корисниците на социјалните мрежи:

„Одлука вредна за почит“, „Фантастичен пример“, се дел од коментарите на корисниците на „Твитер“.

Норвешка е на второ место зад Исланд во последниот извештај на Светскиот економски форум за еднаквост меѓу мажите и жените.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This