Скоро година дена нема траг од Марија Брзакова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скоро една година нема трaга и глас од Марија Брзакова. Според пријавеното, на 18 јануари во раните утрински часови, облечена во темни тренерки и патики или влечки, без телефон или друг личен документ, тогаш 28-годшната жена го напуштила семејниот дом во струмичко Босилово. Таа има костенлива долга коса, висока е околу 160 сантиметри, средна градба…

Нејзиното исчезнување во полиција од страна на сопругот беше пријавено дури три дена подоцна.

Тогаш стотина ловци, граѓани и кучиња во координација со полицијата, трагаа по Брзакова по течението на реките Турија и Струмица, по каналите, полето, браните, каналите, сè до границата со Бугарија.

Од струмичката полиција за ТВ Вис велат дека истрагата е отворена, а деталите за случајот се дадени на Основното јавно обвинителство. Оттаму, пак, за телевизијата велат дека разгледуваат повеќе можности за случајот: Дали младата жена е навистина исчезната, можноста од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и можност од насилна смрт.

Според граничната полиција Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла од неа.

Разгледани се снимките од селото и околните патни правци, земени се изјави од најблиските, а проверени се и нивните телефони, но и оттаму нема информации за Брзакова.

Брзакова е мајка на четиригодишно дете, а во моментот на исчезнувањето била во вториот месец од бременоста. Нејзината мајка Валентина тогаш порача дека Марија е семејна личност, која никогаш не би си го напуштила детето.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This