Стевановиќ: Речиси исполнети кaпацитетите на Инфективна, слобoдни се 16 кревети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека капацитетите на Клиниката се речиси исполнети, но надеж дава намалувањето на амбулантските прегледи.

-Ние не можеме да кажеме дека исполнетоста е намалена, затоа што се уште капацитетите на Клиниката за инфективни болести се речиси исполнети. Но, она што ни дава надеж и се поклопува со бројките на Институт за јавно здравје е дневната фрекфенција на амбулантски прегледи која е за 20, па и речиси 30 отсто намалена во однос на претходната недела. И ако сме имале просек 120 прегледи за 24 часа, сега таа е сериозна намалена. Тоа е она што го остава впечатокот дека бројките се намалуваат.


Околу 165-166 легла се во функција на Клиниката за инфективни болести (заедно со модуларната болница). Во моментов 150 пациенти се хоспитализирани, и тоа е огромен број на пациенти. 123 пациенти се на кислородна поддршка, и тоа е многу висок процент и тоа само по себе зборува за тежината на состојбата на пациентите, вели Стевановиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This