Србија наскоро воведува редовен воен рок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сè почести стануваат најавите од експертите и овој пат и соопштенија на властите за воведување на задолжителна редовна воена служба. Апелите доаѓаат од припадници на Министерството за одбрана, а Армијата вели дека касарните веќе се подготвуваат за прием на потенцијален редовен воен рок, доколку државата одлучи повторно да го воведе.

Она што се споменува како приближен рок е следната година.

Воените аналитичари ја „прочитаа“ оваа вест за регрутите да бидат претежно дел од копнени единици, односно пешадија, а целата „работа“ за враќање на задолжителната воена служба ќе не чини од 100 до 150 милиони евра, што сепак државата може да си го дозволи.

  • Регрутите би го нашле своето место во сите родови, но секако најголем фокус би биле копнената армија односно пешадијата. Тие таму би изведувале основна пешадиска обука и понатаму би оделе во согласност со планот – вели воениот аналитичар Владе Радуловиќ.

Иако е тешко да се каже кога овој систем може повторно да се воспостави, Радуловиќ смета дека тоа не може да се случи пред 2022 година. Големото прашање е дали обуката ќе трае шест, три месеци, како порано, но тој е убеден дека може да биде пократок, можеби само еден месец.

  • Во моментов се прави студија во ресорното министерство, и сè зависи од одредени логистички и финансиски прашања и усогласување со Уставот и другите документи – објаснува тој.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This