Градоначалникот на Гази Бабам Бобан Стефковски денес ги потпиша решенијата за легализација за предметите кои во изминатите денови беа решени, со што се зголеми динамиката на решавање на предметите за легализација.
„Ги потпишав решенијата за легализација за предметите кои во изминатите денови беа решени. Се зголемува динамиката на решавање на предметите за легализација“, соопшти Стефковски.
Тој информираше дека администрацијата е задолжена во наредниот период да ги извести граѓаните за комплетирање на документацијата во предметите, а потоа во најкраток рок да изготви пресметка и решение за легализација.