СУБAКУТEН ТИPOИДИТИC: Во Италија забележан необичен cлyчaј на зaрaзeн со кoрoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лекарите во Италија забележале необичен случај на пациент заразен од коронавирусот. Добро е познато дека вирусот корона предизвикува низа непријатни симптоми, од висока температура до сува и постојана кашлица. Но, новиот извештај открива дека вирусот исто така може да предизвика ретка компликација, субакутен тироидитис.

Субакутен тироидитис е болно отекување на тироидната жлезда за кое се смета дека се јавува како резултат на вирусна инфекција, како што се заушки или грип. Субакутен тироидитис обично предизвикува треска и болка во вратот, вилицата или увото.

Екипа на лекари од Универзитетската болница во Пиза во Италија го откриле појавувањето на оваа состојба кај 18-годишен пациентка кој бил заразен со болеста „Ковид-19“, што претходно ја имал и нејзиниот татко.

Младата девојка целосно се опорави од „Ковид-19“, што беше докажано со негативен наод, односно тест што беше направен неколку дена подоцна. Сепак, таа по закрепнувањето имала дополнителни здравствени компликации.

Таа пријавила болка во вратот и тироидната жлезда, треска и зголемена срцева фреквенција (тахикардија), затоа потоа била вратена во болницата, каде и дијагностицирана субакутен тироидитис.

Ова е прв случај на субакутен тироидитис по инфекција со вирусот САРС-КоВ-2. Треба да се предупредат лекарите за можноста од оваа дополнителна клиничка манифестација, која е поврзана со Ковид-19, рече д-р Франческо Латрофа.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This