- Advertisement -
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека нема да дозволи формирање на Заедница на српските општини на Косово, бидејќи, како што рече, тоа би значело формирање на Република Српска на Косово.
Точно е дека претходно се согласив со формирање на Заедница на српските општини, но околностите се променија, и не можеме да го дозволиме тоа дури ни по цена на визната либерализација, рече Тачи, додавајќи дека даноците мораат да останат на сила, пренесува приштинскиот Зери.