Тајна опepација на ЦИА: Како САД го измaми СССР и ја направи „Црната птица“, симболот на американското воздyxопловство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советскиот Сојуз несакајќи им „помогна“ на САД да направат суперсоничен шпионски авион СР-71 „Црна птица“, пишува американскиот портал „Национален интерес“.

Според авторот на статијата, Тревор Филсет, авионот „Црна птица“ стана еден вид симбол на моќта на американското воено воздухопловство, како и генијалноста на производителот на авиони.

Сепак, Соединетите држави не треба да си ги препишуваат заслугите само на себе, бидејќи Советскиот Сојуз играше клучна улога во изработката на авионот. Работата е во тоа што основата за американскиот СР-71 беше извидничкиот авион „Локид А-12“, кој главно беше направен од алуминиум. Неговата аеродинамичка конструкција му овозможи да лета со брзина од над 2.000 милји на час (повеќе од 3.218 километри).

„Таквата неверојатна брзина значеше дека авионот не мораше да избегнува противвоздушни ракети или некако да им се спротивстави, бидејќи едноставно може да ги престигне“, наведува американскиот новинар.

Но, бидејќи алуминиумот не можеше да ја издржи високата температура, што е неизбежно при толку големи брзини, производителите започнаа да експериментираат со титаниум, кој е комбинација на леснотијата и силата. Сепак, немаше доволно резерви на тој метал во САД, додека Советскиот Сојуз активно го извезуваше. На крајот, Централната разузнавачка агенција реализираше операција на тајно купување титаниум, користејќи лажни корпорации и земји од третиот свет како посредници.

„Се разбира, ако СССР знаеше дека титаниумот што го извезуваат се користи за производство на американски авиони, сигурно немаше да го продаде. Дури и ако САД не ја именуваа целта за увоз на метали, Москва веројатно ќе се вознемиреше што Вашингтон одеднаш е заинтересиран за толку многу титаниум“, заклучува Филсет.
Суперсоничниот авион „Локид СР-71“ го направи својот прв лет на крајот на декември 1964 година, а во 1998 година беше повлечен од употреба. Произведени се вкупно 32 вакви авиони.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This