Вчера беше одржана инагурацијата на новиот претседател на Македонија, Стево Пендаровски. За некои овој настан помина во најдобар ред, за други полн со пропусти и пораки кои беа сфатени како провокација.
На социјалните мрежи вриеше од најразлични коментари, а еден од нив го искажа својот револт за тоа што токму поранешен командант на УЧК ја врши инагурацијата на Пендаровски, а згора на тоа и на албански јазик.
Не е национализам мојов став, ама сериозно не е во ред инаугурација на претседател на држава да ја врши поранешен командант на УЧК и на албански јазик.
Колку сакате релативизирајте.— Artemi§ (@simetrAtwin) May 12, 2019