Мухамед Красниќи- Командант Малишева со апел на Фејсбук ги повика Албанците со Северна Македонија да се обединат во идејата за отварање на Уставот за да постигнат албанските цели во Македонија
„Апел кон сите албански партии во Северна Македонија. Ја користам приликата да ги повикам албанските партии да ги спојат идеите со цел после отварањето на Уставот да ги искористат овие прилики и да им стават крај еднаш засекогаш на недоразбирањата и да ја постигнат целта за витализирање на правата кои му припаѓаат на албанскиот народ, не заборавајќи дека албанците се уставотворен народ.
Не ги заборавајте паднатите борци од 2001 па се до мај 2015 во Куманово. Приликата е идеална бидејќи и премиерот Зоран Заев е заинтересиран за затварање на отворените прашања и со албанците. Ако не го направите ова да знаете дека народот ке ве проколни и ке умирате секој ден!
Слава на паднатите борци.“ – стои во апелот на терористот на УЧК.