Умерен земјотрес со јачина од 4,1 степен, се случи ноќеска во 03:14 часот по локално време во Грција.
Епицентарот бил во близината на градот Патра, на длабочина од 2 километри.
Утрово во 06:20 часот по средноевропско време, земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Нов Зеланд. Во околината во последното деноноќие имало еден во Турција со јачина од 3,5 степени и во Романија од 3,8.
Помали земјотреси биле регистрирани и во Италија. Вчера два помали со интензитет од околу 2 степени, биле регистрирани и во Македонија, со епицентар во Маврово.