Трамп: Бајден ќe ja yништи Флорида, мojoт плaн ќe гo yништи виpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател Доналд Трамп ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што резултатот од претседателските избори не е „познат однапред“ и им порача на собраните дека плановите на Бајден се опасни за американската економија.

„Ако сакате да ја спасите Америка, мора да гласате“, им рече тој на илјадниците приврзаници собрани на аеродромот Jексонвил на Флорида.

Тој тврди дека Бајден е премногу левичар за Американците и предупреди дека демократските планови за борба против коронавирусот ќе ја загрозат економијата.

Критичарите велат дека Трамп не открил национална стратегија за борба против коронавирусот, кој уби повеќе од 200.000 луѓе во САД, најмногу во светот. Трамп тврди дека вакцината ќе биде достапна наскоро и брзо ги укина ограничувањата по карантинот во пролетта, што предизвика нагло зголемување на стапката на невработеност.

„Планот на Бајден ќе ја уништи Флорида“, рече Трамп. „Мојот план ќе го уништи вирусот“, додаде тој.

Претходно во Шарлот, Северна Каролина, тој потпиша две извршни уредби, вклучително и онаа што се обидува да обезбеди граѓаните со претходно постоечки здравствени проблеми да го задржат осигурувањето.

Администрацијата на Трамп сака да го укине т.н. „Обамакер“ кој, меѓу другото, воведе дека луѓето со постојни здравствени проблеми не плаќаат за поскапа полиса за здравствено осигурување.
Американците, како што покажуваат националните анкети, повеќе му веруваат на Бајден отколку на Трамп во однос на здравствената заштита, наспроти економијата.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This