Падот на украинскиот авион во Техеран во кој загинаа 176 лица, меѓу кои најголем број канадски државјани, можно е да бил срушен „по грешка“ од страна на Иранската противвоздушна одбрана, обвини денес американскиот претседател Доналд Трамп
Претседателот на САД кој денес ги објави новите санкции против Иран, соопшти дека се „сомнева“ дека „некој можеби направил грешка“, имплицирајќи на украинскиот извештај дека е можно авионот да бил срушен од ракета „земја-воздух“ на иранската противвоздушна одбрана.
Техеран се уште не ги предава црните кутии на авионот, велејќи дека тие ќе ја вршат истрагата за причината за падот. Американските медиуми известуваа дека претставници на американското разузнавање имаат информации дека авионот „најверојатно“ е соборен од Иранските противвоздушни системи.
Пентагон од друга страна, одбива да го коментира инцидентот.
Трамп не го обвини Иран официјално, коментирајќи дека авионот „летал во лошо маало“.