Цветан Трипуновски денес беше во посета и на општина Могила. И покрај ладните температури, тој успеа да се сретне со земјоделците кои дојдоа во огромен број да разговараат за проблемите со кои се соочуваат последните години.
Тие меѓу другото збориваа за субвенциите кои доцнат, лошиот откуп и ниските цени, како и незаинтересираноста на власта да им излезе во пресрет и да ги сослуша.
„И од Могила го ветувам истото: Со сите сили и целата моќ што ја имам како технички заменски министер ќе се трудам и ќе работам да ги спpeчам мaнипyлациите и пpитиcоците кои ги трпат земјоделците од овој регион изминативе години. Земјоделците во мене можат да гледаат заштитник кој неуморно ќе се бopи за нив!“, напиша Трипуновски по посетата на својот фејсбук профил.