Откако Италија и Австрија ја ставија Хрватска на ,,црвената листа“ земји и ја прогласија за високоризична по зголемената бројка заразени од Ковид 19, туристите предвремено и масовно заминуваат дома.
Н1 објави фотографии од долги колони возила кон граничните премини.
Австријците добија предупредување дека може да се соочат со карантин по враќањето во својата земја, па поитаа да се вратат пред понеделник, кога почнува со примена на новите мерки.
Од денеска секој што влегува во Австрија од Хрватска мора да има негативен ПЦР тест, во спротивно ќе плати казна од 1.450 евра доколку не го направи на свој трошок по влезот во земјата.