Тeopиja нa дaнcки шeф нa СЗО: Пpвиoт зapaзeн мoжeби бил лaбopaтopиcки paбoтник вo Вухан, инфициpaн oд лилjaк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Др. Питер Бен Ембарек, кој го водеше тимот на СЗО во Вухан, каде тие бараа докази за настанокот на вирусот, тврди дека првиот пациент заболен од Ковид-19 можеби бил вработен во лабораторијата во Вухан, инфицирајќи се од лилјак и покрај тоа што СЗО ја отфрли ваквата теорија, пренесува ТВ2.

„Вработен во лабораторијата кој бил заразен на терен при земање примероци, потпаѓа под една од најверојатните теории за настанокот на вирусот“ изјави Ембарек за ТВ2.

„Таму вирусот се пренел од лилјакот на човекот. Во тој случај, вработениот во лабораторијата би бил првиот можен заболен од вирусот, за разлика од другите теории кои велат дека тоа бил некој селанец или некој што имал било каков контакт со лилјак“ вели докторот во интервју за телевизијата. 

Тој призна дека неговиот тим нема директни докази за ваквата теорија, но ги критикуваше Кина дека долго време се кријат битни информации за настанокот на вирусот. 

„Најверојатно има човечка грешка зад настанокот на вирусот, можеби затоа Кина не сака да ја признае грешката“ вели научникот Ембарек.

Според него, СЗО немале никаков пристап до подетални информации за лабораторијата и за документите во неа. 

Покрај СЗО, тајните служби на САД внимателно ја следат состојбата во Вухан, тврдејќи дека имаат тајни информации за настанокот на вирусот кој направи светска катастрофа. 

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This