Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа која вчера се случила во Штип.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила на крстосница од ул.„Сремски Фронт“ и ул.„Џемал Бјејдиќ“ во Штип.
Во несреќата учествувале автомобил „Ауди А3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (49) од Штип и товарно возило „ивеко-еурокарго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Р. (51) од Штип.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Д., а со телесни повреди се здобиле двe лица од товарното возило Н.М. (37) и Д.М. (49), двајцата од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Штип.