Најмалку 60 лица загинаа, а уште неколку стотици се водат за исчезнати откако голем брод потона во езерото Маи-Ндомбе во западна Демократска Република Конго, соопшти денеска владин претставник.
Преоптоварениот брод пловел синоќа и превезувал повеќе од 700 патници, изјави за германската агенција ДПА министерот за хуманитарни активности Стив Мбикаи.
– Веќе се пронајдени 60 тела и 300 преживеани, рече Мбикаи.
Бродот го напушти главниот град Киншаса во текот на вчерашниот ден и се преврте во близина на селото Лонгола Екоти, рече министерот.
Несреќи со бродови поради пренатрупаност се случуваат често низ Африка, каде што многу луѓе користат бродови како начин за секојдневен транспорт.