Унгарија ќе ги забрани невладините на Сорос

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјавил дека по официјалното доаѓање на Доналд Трамп на функцијата претседател на Сад, Унгарија планира да ги забрани невладините организации поврзани со милијардерот Џорџ Сорос, пишува магазинот „Блумберг“.

soros-2-640x445

Како што наведува магазинот, Шилард Немет изјавил дека неговата земја ќе ги искористи сите мерки што и се на располагање за да ги исчисти невладините организации финансирани од родениот Унгарец, Сорос, затоа што тие им служат на глобалните капиталисти и делуваат против националните влади. Потпретседателот на унгарската владејачка партија Фидеш, изјавил оти чувствува дека именувањето на Трамп дава можност за такво нешто во меѓународни рамки. Тој додал дека законодавците ќе ја почнат дебатата за донесување закон којшто ќе им овозможи ма властите да ги проверуваат финансиските сметки на директорите на невладините организации.

Магазинот истакнува дека обидите да добијат коментар од Соросовиот „Институт Отворено општество“ во Будимпешта биле неуспешни, откако никој не одговорил на нивните телефонски повици направени по работното време.

Орбан, кој беше првиот европски лидер што јавно ја поддржа кампањата на Трамп, во 2014 година лично нареди државните агенции да ги испитуваат фондациите финансирани од Норвешка и изјави дека групите за цивилно општество финансирани од странство се само параван за платени политички активисти. Како такви, Орбан и неговата администрација најчесто ги посочуваат невладините поддржани од Сорос, кој е поддржувач на американската Демократска партија кој има широка мрежа на организации ширум земјите од Источна и Централна Европа.

Таквиот став на Орбан во голема мера се поистоветува и со ставовите што ги искажува и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Тоа го пишува и магазинот Блумберг кој во својот текст, наведува дека Трамп, го обвинуваше 86-годишниот Сорос дека е дел од глобална структура на моќ, која е одговорна за економски одлуки кои го ограбиле американскиот народ, ја осиромашиле државата и ги ставиле парите во џебовите на неколку големи корпорации и политички елити.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This