Урсула: Дополнителни 300 милиони дози но до крајот на 2021

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, денес изјави дека Европската унија обезбеди дополнителни 300 милиони дози од вакцината Фазјер – Бионтек, и со тоа двојно се зголеми бројот на оваа вакцина наменета за ЕУ ​​и нејзините соседи.

Фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел објави дека 75 милиони дози од оваа вакцина ќе бидат доставени до крајот на вториот квартал на 2021 година, а остатокот во втората половина на оваа година.

“Неодамна ја одобривме вакцината Модерна. Со двете овластени вакцини, имаме доволно дози за 380 милиони граѓани, што е околу 80 проценти од популацијата”, рече фон дер Лајен.

Таа изјави дека ЕУ, со договори склучени со шест фармацевтски компании, во моментов има 2,3 милијарди дози нарачани вакцини и потенцираше дека тоа е доволно за ЕУ, но и за нејзините соседи.

„Ќе бидеме безбедни само кога сите во ЕУ и соседството ќе имаат пристап до вакцини“, заклучи претседателот на Европската комисија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This