УТРЕ Е ДЕН НА Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова.

Во времето кога мачи телската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно ја исповедаа верата во Господ Христос и одбија да ѝ принесат идолски жртви на Артемида.

Пред стр адањето мајката ги крепеше ќерките со совети да истраат докрај. „Вашиот небесен љубител Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и живот бесм ртен. И кога вашите тела ќе бидат уб и ени во ма ки, Он ќе ве облече во нераспадливост и ра ните на вашите тела ќе светнат на небото како ѕвезди.“ Мач ителот ги мач еше со лути ма ки сите една по една: најпрво Вера, па Надеж, па Љубов. Ги тепаа, ги сечеа, ги фрлаа во оган и во врела смола и најпосле една по една ги убија со меч. Софија ги зеде мр твите тела на своите ќерки, ги однесе надвор од градот и таму чесно ги погреба.

Остана на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи Го Бога и така Му го предаде својот дух итајќи во рајските населби, каде што ја чекаа душите на нејзините блажени ќерки.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This