Филиповски: Поддршка и зголемување на здравствената заштита на жените

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во ТЦ „Бисер“ вечерва се одржа акција за подигнување на јавната свест кај жените за борба против ракот на дојка, на која присуствуваа кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за Општина Аеродром, Александар Филиповски, носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Александар Трајановски и потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче.

Тие поделија рози и едукативни пораки на жените кои поминуваа во овој дел од општината. Активностите се одвиваат во рамки на „Race for the cure“, најголемиот настан во Европа што е посветен на здравјето на жените и подигнување на свеста за ракот на дојката.
Филиповски истакна дека е потребно да се даде поддршка со цел да се зголеми здравствена заштита на жените.
– Навиките се стекнуваат од рани години. Затоа во нашата програма имаме мерки и за поголема соработка на основните училишта со граѓанските организации и институциите. Преку прилагодени игри и активности може да придонесеме за подобро ментално здравје кај новите генерации, но и да бидат посвесни за потребата од водење на здрав и балансиран живот. Само со здрави навики и информираност може да ги спречиме болестите, додаде тој.

Филипче ги истакна мерките кој ресорното министерство ги презема за заштита на жените од ракот на дојка.
– Во нашата земја, повеќе нема пациент со малигна болест за којшто не е обезбедена најквалитетна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата. Покрај лекувањето, пациентите имаат и психолошка поддршка која е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите, додаде Филипче.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This