Финска: Забранет влез за невакцинираните Македонци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 16 август, во Финска ќе биде забранет влез на патници од Македонија и Косово кои не се целосно вакцинирани против ковид-19 и кои немаат доказ дека се имунизирани со една од вакцините кои се признаени од финските власти.

Оваа одлука следи откако финската влада ги обнови рестрикциите за влез на патници од земјите вон ЕУ и Шенген зоната, засновано на бројот на заразени од ковид-19.

Финска ги признава вакцините на „Фајзер“, „Модерна“, АстраЗенека“, „Јансен“, „Синофарм“, „Ковишилд“ и „Коронавак“.

И Косово и Македонија последниве недели бележат раст на бројот позитивни со ковид-19, при што во Косово има 888, а во Македонија 792 нови болни во последниве 24 часа.

Невакцинираните патници од обете земји може да влезат во Финска само ако се враќаат во земјата, се враќаат во друга земја на ЕУ или Шенген зоната или транзитираат.

Од Скопје има директен лет за Турку во Финска со „Визер“.

Финска во последните 24 часа има 1.024 новозаразени, а со прва доза се вакцининарни 82.2 отсто додека со втора доза 48.4 отсто од населението.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This