ФИФА ги објави имињата на кандидатите за фудбалер на годината, па за престижната наградата ќе се бopaат Вирџил Ван Дајк од Ливерпул, Лионел Меси од Барселона и Кристијано Роналдо од Јувентус.
Истите тројца фудбалери се бopea и за наградата на УЕФА за фудбалер на годината, а наградата ја доби Ван Дајк.
За најдобар тренер во конкуренција се Пеп Гвардиола од Манчестер сити, Јирген Клоп од Ливерпул и Маурицио Покетино од Тотнем.
Алисон Бекер од Ливерпул, Едерсон од Манчестер сити и Марк-Андре Тер Штеген од Барселона ќе се борат за најдобар голман.
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 23 септември во Милано.
https://twitter.com/FIFAcom/status/1168473445509865473