(Фото) Стоилковиќ: Власта ги одбива сите амандмани од опозицијата без да ги прочита

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Иван Стоилковиќ реагираше за работата на власта која без икакво образложение одбива амандмани, кои, како што вели тој, не ги ниту прочитале.

Во прилог неговата реакција:

Согласно најавите, поднесовме вкупно 27 амандмани на Законот за попис на населението… со цел на негово унапредување, а од друга страна отварање на простор за враќање на одамна изгубената доверба не само во пописниот процес.

Навистина ме изненади одбивањето на сите амандмани без никакво образложение и уште повеќе присуството на расправата на Комисијата за европски прашања на Директорот на Заводот за статистика кој нај недостоинствено ја одмолча целата расправа, иако нели од него се очекуваа стручни образложенија.

Ајде и да има некакво опрадување одбивањето на некои амандмани, но сите, поготово оние кои лично сметам се повеќе од контруктивни претставува сериозно фрлање на втора голема сенка на намерите владеачкото мнозинство во однос на спроведувањето на пописот. Првата е европско знаменце и скратената постапка.

Инаку амандманот што го гледате на сликата е можеби најконтруктивниот, заради потребата од поголема веродостојност на податоците и меѓусебната контролна улога на попишувачите, поготово во средини со мешовит национален состав.Замислете еден ваков амандман беше брутално одбиен. Претходниот закон содржеше вакво решение и истото ни овозможуваше каква таква контрола на пописните резултати. Изгледа дека само еден попишувач е потребен заради скриени намери и отстранување на можноста на несакани сведоци во процесот на попишување.

Вториот амандаман се однесуваше на членот 35, односно во точка 12 да стои дека по извршеното попишување, попишувачот е должен да го остави вториот примерок од пописницата (пописниот лист) на попишаните. Вториот примерок од пописниот лист е гаранцијата дека во општеството нема повече да може да се манипулира со национална припадност, затоа што во изминатиот период имавме случаи каде граѓаните сосема видливо ја менуваа својата национална припадност од интересни причини. Таквиот пристап ќе го оневожможи развојот на кетманска филозофија кај населението. Што се однесува до припадниците на српската заедница во Македонија ваквото решение е потребно помеѓу другото и како доказ во процесот на стекнување на српско државјанство.

Може да се набројуваат уште работи, препораките на ООН за одложување на пописот заради пандемијата, најголемиот број земјо го одложија пописот, што за шест, што за дванаесет месеци, препораките на ЕУРОСТАТ околу тоа што е резидент, а што државјанин, недостатокот на пописната методологија во законското решение, кое исто така беше содржано во минатиот закон, бришењето на потребата од постоење на Државна пописна комисија каде сите ќе бидат застапени исто така содржана во минатиот закон.

Забележувате намерно не пишувам за фингерпринтот, како предлог на опозицијата, само да ви докажам дека постои скриена намера која треба да се демаскира. Или пак однапред нека ни ги кажат пописните резултати, да не се мачиме.

Зачудува фактот дека Србите – смоквин лист на ваквите погубни политики веднаш се јавија. Демек, да помогнале! Е па како ќе помогнете кога наместо на борба за праведни цели стоите на страната на ваквите политики и како ќе им објасните на Србите дека имате добра намера кога ниту се разбирате во проблематиката на пописот и манипулациите кои со ваквите законски решенија ќе се случуваат и како и зошто досега не извлековте никаква поука од претходноот пописен фалсификат и последоците врз нашиот народ. Но, нели власт сте, е па нема бегање!

Но, еве конечно уште една прилика да ја видиме на дело таа тнр. меѓународна заедница која се вмешуваше во многу помалку важни работи.

Бидејки, не пада снег да покрије брег…

Бидејки, не пада снег да покрије брег…Согласно најавите, поднесовме вкупно 27 амандмани на Законот за попис на…

Posted by Иван Стоилковић on Wednesday, December 30, 2020

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This