Десет тела беа пронајдени во Мексико, вклучително и девет кои беа обесени на надвозник.
Државната агенција за јавна безбедност објави дека телата се пронајдени во Сиудад Куаутемоку, околу 550 километри северно од Мексико Сити, пренесува агенцијата АП.
![](https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2021/11/obeseni-lugje-meksiko.jpg)
Картелите Синалоа и Халиско Нова генерација се борат за контрола на таа земја, која е клучна транзитна точка за дрогата, особено моќниот синтетички лек против болки „фентанил“, кој дополнително е „расфрлен“ на север до границата со САД.
Картелите понекогаш прават такви јавни настапи со цел да ги исмеваат своите ривали или власти и да ги заплашат локалните жители.
Според федералните податоци, во првите девет месеци од оваа година во Мексико имало повеќе од 25.000 убиства, што е за 3,4 отсто помалку отколку во истиот период претходната година.