ХРВАТСКАТА ОПОЗИЦИЈА ЗА ЗАПОСЕДНА ГОВОРНИЦАТА ВО ХРВАТСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Жив Ѕид и Мост не дозволи гласање на законот за земјоделство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес ескалираше ситуацијта во хрватскиот парламент откако претседателот на собранието го помести гласањето за законот за земјоделие и наложи групне гласање на три закони кои воопшто не беа на дневен ред.

Имено,  претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ се обиде да ја скрати расправата за овој закон кој наиде на големо негодување кај земјоделците и јавноста затоа што овозможува странски компании од Европската Унија да зкаупуваат земјишта под концесија.

Со тоа се овозможува целосен упад и диктирање на цените на земјоделските производи на странските корпорации и се овозможува нелојална конкуренција на домашниот пазар во Хрватска.

Земјоделците негодваа за овој закон затоа што сметаат дека се оневозможува домашниот развој и воопшто не се поттикнува, а се овозможува на големите корпорации целосно да го запоседнат производството и диктирање на цените на пазарот.

Измените околу субвенциите за земјоделие исто така се усложнуваат по „европски терк“ и стануваат покомплицирани и недостижни за добивање за оние кои имаат интерес.

Опозицијата ја критикуваше и безидејноста на владата околу стратегијата за поттикнување на усовршување и едукација на високо образовани кадри што и статистички се покажува дека хрватите го губат интертесот затоа што е речиси невозможно да се обезбеди пристојна зароботувачка и живот од земјоделието.

Отако претседателот на Собранието се обиде да ја прекрати расправата и да го стави законот на гласање, опозицијата жестоко реагираше и ја запоседна говорницата со што го оневозможи процесот на гласање.

По што следуваше пауза, а Јандроковиќ го повика собраниското обезбедувње да ги отстрани од салата, а владеачкото мнозинство ја напушти салата.

По кратки консултации, Јандроковиќ попушти и ја врати дискусијата во собраниската сала

https://www.facebook.com/pernari/videos/2017590215023746/?notif_id=1544020817614019&notif_t=live_video

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This