Администрацијата на Бајден ја отстрани ознаката за тајност од извештајот на американската разузнавачка служба за убиството на саудискиот новинар Џamамал Кашоги. Извештајот сугерира дека саудискиот принц Мохамед бин Салман ја одобрил операцијата во Истанбул за „фаќање или yбиство“ на новинарот.
Проценките, според извештајот објавен од Кабинетот на директорот на националното разузнавање, се базираат на „контролата на донесување одлуки“ на саудискиот принц во земјата.
„Од 2017 година, принцот има апсолутна контрола врз безбедносните и разузнавачките организации, па затоа е малку веројатно дека саудиските власти би извршиле операција од ваков вид без негово одобрување“, се вели во извештајот.
Се додава дека принцот сметал дека Хашоги претставува закана за кралството, како и дека поддржува насилни мерки за замолчување на новинарот.