Цуцуловски за повторното отворање на Уставот: Не е алабаџиски тефтер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Љубомир Цуцуловски на социјалните мрежи реагираше на најновите информации дека ќе се отвори повторно Уставот.

-Не е тефтер. Крајно време е Заев, заедно со тие околу него, да сватат дека Уставот не е тефтер, уште помалку алабаџиски тефтер, кој секој момент може да се отвори и во него нешто ново да се внесе или да се избрише, како што на автократите им е по волја, бидејќи тој не е ниту нивно семејно наследство, ниту нешто што тие го создавале. Да бидам поконкретен. По последната посета на Софија некои македонски и бугарски медиуми јавија дека од страна на „македонската“ делегација било ветено дека Уставот повторно (по кој пат?) ќе се отворел за да се запише во него придонесот и на бугарскиот народ во изградбата на Република Македонија. Во еден од најчитаните бугарски медиуми „Факти“ пишува: Рeпубликa Ceвeрнa Мaкeдoнија e подготвена да го отвори својот Устав и да го запише придонесот на бугарскиот народ, како и на хрватскиот народ во изградбата на нашата држава. Ова го изјави македонскиот премиер Зоран Заев на заедничката пресконференција со својот бугарски колега Стефан Јанев.

Колку што ми е познато, досега нема јавен демант на ова тврдење. Тоа е знак дека политичката ситуација е повеќе од загрижувачка. Таа е пред целосен колапс на сѐ што е македонско, вклучувајќи ја и самата Македонска Држава. Наедно, господата автократи треба да објаснат кога и на кој начин во Република Македонија едно малцинство прераснало во народ, бидејќи овие господа одамна ги пречекорија сите граници на нормално однесување.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This