ЧУДЕСНИОТ ИЗВОР ВО СКОПСКО ГОВРЛЕВО: Изобилство од лековити води

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чу­дес­ни­от из­вор во цр­ква­та „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“, из­во­рот за подм­ла­ду­ва­ње, комп­ле­ксот ма­на­сти­ри и свет­ски приз­на­та­та ар­хе­о­ло­шка ре­ткост Адам од Ма­ке­до­ни­ја, не­де­ши­фри­ра­но­то пис­мо слич­но на гла­го­ли­ца­та и при­каз­на­та за из­ле­ку­ва­ње­то на рим­ски­от им­пе­ра­тор Ју­сти­ни­јан Пр­ви, се поз­на­ти­от дел од бо­га­та­та риз­ни­ца на ми­сте­рии чу­ва­ни од мир­но­то скоп­ско се­ло

Рас­пос­ла­но на јуж­ни­те па­ди­ни на Вод­но, источ­но од ре­ка­та Тре­ска, во не­по­сред­на бли­зи­на на Скоп­је, а се­пак да­ле­ку од град­ска­та вре­ва, ме­ѓу Све­та Пе­тка, Сол­ње, Ба­ро­во, Осин­ча­ни и Чиф­лик, из­ви­ра, ка­ко што мно­гу­ми­на го на­ре­ку­ва­ат, цен­та­рот на европ­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ја, кро­тко­то и ти­вко Го­вр­ле­во. Се­ло­то бо­га­то со исто­ри­ја и со ми­сте­рии е ре­чи­си на­пу­ште­но уште во ми­на­ти­от век, а са­мо три пре­о­ста­на­ти ог­ни­шта му пр­ко­сат на за­бот на вре­ме­то и на не­ми­ло­срд­но­то остри­ло на ци­ви­ли­за­ци­ја­та и све­до­чат за не­кои по­и­на­кви слу­чу­ва­ња.

Чу­дес­ни­от ле­ко­вит из­вор во цр­ква­та „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“, из­во­рот за подм­ла­ду­ва­ње, комп­ле­ксот ма­на­сти­ри и на­чи­нот на кој се во­зоб­но­ве­ни на зем­ни­от свет, ка­ко и свет­ски приз­на­та­та ар­хе­о­ло­шка ре­ткост Адам од Ма­ке­до­ни­ја, не­поз­на­то­то пис­мо слич­но на гла­го­ли­ца­та, кое сѐ уште не е де­ши­фри­ра­но и при­каз­на­та за из­ле­ку­ва­ње­то на рим­ски­от им­пе­ра­тор Ју­сти­ни­јан Пр­ви, се поз­на­ти­от дел од бо­га­та­та риз­ни­ца ми­сте­рии чу­ва­ни од ова мир­но скоп­ско се­ло.

За мно­гу­ми­на, Го­вр­ле­во е рас­ад­ник на ми­сте­рии и на чу­да и нај­го­лем поз­нат из­вор на ле­ко­ви­ти во­ди во зем­ја­ва.

Govrlevo-izvor-2

 

Ле­ген­да­та за ита­ли­јан­ска­та прин­це­за Гор­ди­ли­ја­на и за ма­на­сти­ри­те во Го­вр­ле­во

Ле­ген­да­та за ќер­ка­та на ита­ли­јан­ски­от цар Гор­ди­ли­јан, Гор­ди­ли­ја­на, се слу­чу­ва пред око­лу 600 го­ди­ни. Спо­ред ка­жу­ва­ња­та, таа би­ла на­пад­на­та од не­ко­ја чуд­на бо­лест и жи­ва се фр­ла­ла во оган и во во­да. Ца­рот ги со­брал си­те поз­на­ти ле­ка­ри во тоа вре­ме, но ни­кој не мо­жел да и го нај­де ле­кот. Ра­зо­ча­ран и не­мо­ќен, му се по­мо­лил на Гос­под, кој пре­ку гла­сот на ќер­ка му му по­ра­чал де­ка мо­же да ја исе­чи са­мо све­ти Три­фун.

Ле­ген­да­та на­та­му ве­ли де­ка Гор­ди­ли­јан пре­ку сво­и­те глас­ни­ци го про­на­шол све­ти Три­фун ду­ри во Ма­ла Ази­ја. Отка­ко све­те­цот му ја из­ле­ку­вал ќер­ка­та, на пат кон до­ма по­ми­нал и низ Ма­ке­до­ни­ја. Во мо­мен­тот ко­га бил на ме­сто­то ви­ка­но Бр­зо­вец, спо­ред ле­ген­да­та, Гос­под му на­ре­дил да на­пра­ви бож­ји хра­мо­ви на све­ти Три­фун, све­ти Тро­и­ца, све­тите Пе­тар и Пав­ле, а по­доц­на и на света Ма­ри­на. За­ед­но со нив бил из­гра­ден и ко­нак, а и ма­на­сти­ри­те и ко­на­кот со те­кот на вре­ме­то би­ле ур­на­ти. Од нив оста­на­ле са­мо те­ме­ли­те, за­ко­па­ни дла­бо­ко под зем­ја­та.

Сѐ до пред ре­чи­си еден век, ко­га, спо­ред дру­ги ка­жу­ва­ња во Го­вр­ле­во, Гос­под го из­брал ла­ма­ри­на­рот Бо­рис од Ку­ма­нов­ско и му на­ре­дил по­втор­но да ги из­гра­ди за­гу­бе­ни­те вер­ски хра­мо­ви.
На сон му ре­кол: оди на ри­дот, јас со ја­же ќе ме­рам, ти ќе ко­паш и пак ќе ги из­гра­диш хра­мо­ви­те. Се­ла­ни­те од Дол­но Сол­ње рас­ка­жу­ва­ат де­ка оваа при­каз­на е ви­сти­ни­та и де­ка из­вес­но вре­ме пред тој да по­чи­не, ма­на­сти­ри­те ги по­се­ту­ва­ло не­го­во­то се­мејс­тво.

Тие ве­лат и де­ка мно­гу вер­ни­ци ги по­се­ту­ва­ат хра­мо­ви­те со на­деж де­ка ќе нај­дат спас за сво­и­те ма­ки.

– Дој­дов­ме да му се по­мо­ли­ме на Гос­под за здрав­је на на­ше­то се­мејс­тво. Да се на­пи­е­ме од ле­ко­ви­ти­те во­ди и да го по­чув­ству­ва­ме ми­рот што го крие во се­бе ова све­то пар­че зем­ја. Ќе си по­не­се­ме од ле­ко­ви­ти­те во­ди со нас. Со­пру­гот е ро­дум од се­ло­то Сол­ње и ја ко­ри­сти­ме се­ко­ја при­го­да ко­га сме во Ма­ке­до­ни­ја да пој­де­ме во Го­вр­ле­во, кое, за жал, одам­на не е тоа што бе­ше – рас­ка­жу­ва До­брин­ка Бо­жи­нов­ска, ко­ја по­ве­ќе од че­ти­ри­е­сет го­ди­ни жи­вее во Ав­стра­ли­ја.

Во ма­на­сти­ри­те „Све­ти Три­фун“ и „Све­тите Пе­тар и Пав­ле“ има ду­хов­ни гро­бо­ви, а крај нив се по­ста­ве­ни ду­ше­ци на кои вер­ни­ци­те прес­пи­ва­ат. Ле­жат по­крај ду­хов­ни­те гро­бо­ви и се мо­лат за по­мош. Се­ла­ни­те од се­ла­та око­лу Го­вр­ле­во рас­ка­жу­ва­ат за мно­гу слу­чаи во кои лу­ѓе со ма­ка за­ми­ну­ва­ле среќ­ни и нас­ме­а­ни. За из­ле­ку­ва­ни ми­сте­ри­оз­ни кож­ни бо­ле­сти, рес­пи­ра­тор­ни проб­ле­ми, проб­ле­ми со плод­ност, со вид и слич­но.

– Сѐ уште се пре­ра­ска­жу­ва при­каз­на­та за две­те же­ни, кои по три­на­е­сет го­ди­ни до­че­каа по­род. Ед­на­та од нив рас­ка­жу­ва­ше де­ка не­кој глас ѝ ре­кол да дој­де во ма­на­сти­рот и це­ли че­ти­ри­е­сет де­но­но­ќи­ја да па­ли кан­ди­ло. Да до­не­се и лул­ка и сѐ што е по­треб­но за бе­бе и да ги оста­ви да сто­јат во ма­на­сти­рот – рас­ка­жу­ва­ат се­ла­ни­те.

Ма­на­сти­рот „Све­ти Три­фун“ е сме­стен на про­стран рид со пре­кра­сен ви­дик на це­ла­та око­ли­на зад Вод­но. Во цр­ков­ни­от двор, по­крај цен­трал­ни­от, се из­гра­де­ни и по­ве­ќе ма­ли вер­ски хра­мо­ви во име на све­та Тро­и­ца, све­тите Пе­тар и Пав­ле, све­та Не­де­ла, све­та Пе­тка и на све­та Ма­ри­на.

Govrlevo-izvor-5

Ле­ко­ви­та во­да во „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“

Во под­нож­је­то на ри­дот со ма­на­стир­ски­от комп­лекс, под ар­хе­о­ло­шки­от ло­ка­ли­тет Го­вр­ле­во, во бли­зи­на на Дол­но Сол­ње, се на­о­ѓа цр­квич­ка­та „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“, ко­ја е поз­на­та ме­ѓу вер­ни­ци­те по ле­ко­ви­та­та во­да што из­ви­ра во неј­зи­ни­от ол­та­рен дел.

Из­гра­де­на во по­но­во вре­ме, 1936 го­ди­на, на ме­сто на кое из­ви­ра­ла во­да, оваа цр­ква е дел од прес­но­то се­ќа­ва­ње на жи­те­ли­те на окол­ни­те се­ла.

– По мно­гу раз­лич­ни не­вол­ји и не­сре­ќи што се слу­чу­ва­ле по­ра­ди ко­ри­сте­ње­то на во­да­та од ле­ко­ви­ти­от из­вор за не­по­треб­ни це­ли, на еден од се­ла­ни­те му се со­ни де­ка таа е ле­ко­ви­та и де­ка на ме­сто­то тре­ба да по­диг­не храм на све­ти­те Куз­ман и Дам­јан, во пра­вос­лав­ни­от свет поз­на­ти и ка­ко ле­ка­ри, кои ни­кој не мо­жел да ги ку­пи, ви­ка­ни све­ти­те бес­сре­бре­ни­ци. Низ го­ди­ни­те, цр­квич­ка­та е це­лос­но ре­но­ви­ра­на и де­нес има пре­у­бав изг­лед. Пре­пол­на е за вре­ме на ви­кен­ди­те и на вер­ски­те праз­ни­ци. Вер­ни­ци­те ја ко­ри­стат во­да­та за проб­ле­ми со ви­дот и со ко­ле­на­та и мно­гу­ми­на од нив чу­до­твор­но би­ле из­ле­ку­ва­ни – об­јас­ну­ва­ат ло­кал­ни­те жи­те­ли од се­ла­та око­лу Го­вр­ле­во.

Из­во­рот со во­да­та за ко­ја мно­гу­ми­на ве­ру­ва­ат де­ка е ле­ко­ви­та се на­о­ѓа во цр­ква­та. Огра­ден во фор­ма на крст, тој е ло­ци­ран точ­но во ол­та­рот на пра­вос­лав­ни­от храм по­све­тен на све­ти­те Куз­ман и Дам­јан, под фре­ска со мо­ти­ви на кои се при­ка­жа­ни вер­ни­ци пред чу­до­твор­на­та во­да.

Ед­на дру­га ле­ген­да за оваа цр­ква, пак, ве­ли де­ка слав­ни­от рим­ски им­пе­ра­тор ро­ден во око­ли­на­та на Скоп­је, Ју­сти­ни­јан Пр­ви, во неа про­на­шол лек за сво­ја­та бо­лест.

Govrlevo-izvor-3

Во­да за подм­ла­ду­ва­ње

На са­мо не­кол­ку ме­три од не­ти­пич­ни­от храм со ле­ко­ви­та во­да во ол­та­рот, се на­о­ѓа уште ед­на чеш­ма, спо­ред мно­гу­ми­на, со чу­до­твор­на моќ. Се ве­ру­ва де­ка во­да­та за подм­ла­ду­ва­ње, ка­ко што ја на­ре­ку­ва­ат, бла­го­твор­но по­ма­га при ос­ла­бен иму­ни­тет и де­ка си­те што пи­е­ле од неа по­чи­на­ле од ста­рост, а не од бо­лест.

– Се слу­ша­ат и рас­ка­жу­ва­ат раз­лич­ни при­каз­ни и суд­би­ни. Во ма­на­стир­ски­от комп­лекс по­сто­ја­но до­а­ѓа­ат лу­ѓе за да се по­мо­лат за здрав­је и за да ги ко­ри­стат во­ди­те за кои ве­ру­ва­ат де­ка се ле­ко­ви­ти. Не­кои се фа­лат де­ка си го вра­ти­ле или по­до­бри­ле ви­дот, а иста­та во­да од ста­ри­от кла­де­нец во цр­ква­та „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“ на мно­гу­ми­на им ги из­ле­ку­ва­ла бол­ни­те ко­ле­на и но­зе. За во­да­та за подм­ла­ду­ва­ње, пак, се пре­ра­ска­жу­ва де­ка не са­мо што го по­до­бру­ва иму­ни­те­тот ту­ку по­ма­га и за апе­тит – об­јас­ну­ва­ат Пе­ро Ки­та­нов­ски од Дол­но Сол­ње и Трај­че Бо­жи­нов­ски од Мел­бурн, ро­ден во Го­вр­ле­во.

Ми­сти­ка се чув­ству­ва на се­кој агол од слав­но­то Го­вр­ле­во. Од ма­на­сти­рот „Све­ти Или­ја“ над се­ло­то, пре­ку на­пу­ште­ни­те трош­ни ку­ќи, до ар­хе­о­ло­шки­от ло­ка­ли­тет во кој е про­нај­ден Адам од Ма­ке­до­ни­ја за кој на­уч­ни­ци­те ве­лат де­ка е единс­тве­на ар­хе­о­ло­шка ре­ткост во све­тот, кој спа­ѓа ме­ѓу де­сет­те најз­на­чај­ни свет­ски ар­хе­о­ло­шки на­о­ди и прет­ста­ву­ва спо­ме­ник на чо­веш­тво­то и на европ­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ја.

Зи­ма­та, ко­ја е на пор­ти­те, ќе до­не­се уште по­ин­те­рес­ни ви­бра­ции во се­ло­то, кое зра­чи со по­зи­тив­ни ви­бра­ции. Иа­ко ре­чи­си на­пу­ште­но, Го­вр­ле­во со ши­рум отво­ре­ни пор­ти ги пре­че­ку­ва си­те до­бро­на­мер­ни­ци, кои во по­тра­га­та за лек за не­ко­ја ма­ка го вра­ќа­ат и не­ко­гаш­ни­от дух на се­ло­то.

– Оста­на­ти се са­мо три ку­ќи, а не­ко­гаш беа осум­де­сет. Си­те за­ми­наа в град за по­до­бар жи­вот. Не­ко­гаш имав­ме по­ве­ќе од осум­сто­ти­ни жи­те­ли. Де­нес, најм­но­гу го по­се­ту­ва­ат пра­вос­лав­ни­те вер­ни­ци што чу­ле за чу­до­твор­ни­те ме­ста во се­ло­то. И, до­бре­дој­де­ни се – по­ра­чу­ва осум­де­сет и осум­го­диш­ни­от То­де Вел­ков­ски, жи­тел на скоп­ско Го­вр­ле­во.

 

 

Извор.Република.мк

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This