Чудотворната Литиска икона од манастирот Света Богородица Пречиста-Кичевска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подемот на манастирот Света Богородица – Пречиста продолжува и во XVII век, кога, откако била претходно зап алена (1558 година) за новоподигнатата црква се нарачуваат икони и други уметнички и богослужбено – литургиски предмети. Една од тие икони е и литиската, двострано сликана икона од 1642 година со претстави на Христос, од едната, и Богородица, од другата страна.

Оваа икона има интересна историја бидејќи претставува еден од ретките примери во нашата средновековна уметност на кој се преземени подоцнежни зографски интервенции, но стариот иконопис е зачуван и само делумно обновен и досликан. Таа интервенција ја има направено големиот иконописец Дичо Зограф, како што запишал „за негов вечен спомен”

Ова е накратко нејзината историја:

– 1642 год. – иконата е иконописана од засега непознат иконописец .Таа е двострана – на едната страна е Св. Богородица со дете а од другата Исус Христос. Сликана е во два слоја.

– 1868 год. – Дичо Зограф ја реставрира и ја пресликува зашто била доста оштетена. Ја слика според стариот урнек како што самиот запишал под неа.

– Според народното предание оваа икона прелетала од испустениот Кнежински манастир “Св. Ѓорѓи” и застанала на дрвото над светата вода кај старата црква на манастирот “Пречиста Кичевска”.

– По обновата на црквата во 1848 год. кога и изворот е обграден во самиот манастир на северозападниот дел од храмот, иконата е поставена на еден камен проскинитар до самиот извор.

– Чудесната моќ на оваа икона е пренесена преку чудотворните солзи кои се толкувале како одраз на љубовта на Богородица кон грешниот човечки род. Богородица е помошничка на сите верници и нивна застапничка, која лечи духовни и телесни болки.

– Деловите на иконата околу рацете и ореолот на Св. Богородица, се опковани во сребро и токму тие со векови на верниците Македонци и други православни од Кичевско, им служеле како своевидно поштенско сандаче за пораки до “другата” и возвишена страна. Имено токму под раката и ореолот т.е опкованите со сребро делови, во испакнатините, верниците ставале пишани пораки со молитви и желби до Св. Богородица.

Со нив некои оставале и пари а текстовите се пишани со најразличен стил писма – има од стари арапски до најнови со телефонски броеви. Ова особено се открило дури при конзервацијата на оваа икона од страна на националниот конзерваторски центар во Скопје во октомври – ноември 2005 год., од каде и се вратени пак каде што си стоеле, а по конзервацијата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This