Шкоро позитивен на коронавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на опозициското Татковинско движење и пратеник во хрватскиот парламент, Мирослав Шкоро, е позитивен на коронавирусот и има лесни симптоми на болеста. Шкоро го објави тоа на својот Фејсбук профил, потсетувајќи дека е во самоизолација од 16 октомври, откако беше во контакт со член на Комитетот за национална безбедност, Франк Видовиќ, кој во тоа време веќе беше позитивен на Ковид-19.

Шкоро вели дека ги следи упатствата на лекарите и оти се надева на брзо закрепнување.

По седницата на Комитетот на која беше присутен Видовиќ, покрај Шкоро, самоизолација беше наложена и за пратениците на СДП, Никша Вукас и Мишел Јакшиќ, како и за четворица вработени во парламентот.

Инаку, на таа седница беа присутни шефовите на Обвинителството, тајната служба и полицијата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This