Генceкот на Обeдинeти за Maкедонија се зakaни на coпственик на пopтал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ти ветувам дека брзо ќе се видиш со луѓето на херојот Љубе, за да позборуваме како пријателчиња за твојата злоба, за за тоа колку си ти сестра или јуначиште… ај зе гледаме и пишувај со факти многу се расфрлаш мислиш си интересен манијакуваш…“

Со овие зборови Раде Милошоски, генерален секретар на Обединети за Македонија, партијата на Љубе Бошѓковски, отворено му се заканува на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот Доказм, познат по често неумерените критики и написи за познати јавни личности.

Повод за оваа закана е написот на порталот под наслов „И онаа криминална будала сестра Љубе добила задача од Заев да удира на ВМРО“.

Генсекот на Обединети за Македонија прво го опоменува Стаменковски: „Марјан, прибери се ја поминуваш црвената линија…“ На крајот од коментарот, Милошоски пишува: „Толку од луѓето на Љубе, ти пишувај си… твое е ние да те потсетиме да си бидеш домаќин, се гледаме“

Коментарот, иако се труди да биде суптилен, содржи експлицитна закана до Стаменковски.

Политичарите се јавни личности и за нив постои јавен интерес, па поради тоа треба да имаат повисок праг на чувствителност кога се изложени на неумерена јавна критика. Кога, пак, не можат да ја издржат, имаат на располагање законски средства да го штитат својот углед, а не вака да се закануваат.

Марјан Стаменковски еднаш веќе беше жртва на жесток физички напад, а сторителите до ден денес не се откриени и изведени пред лицето на правдата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This