Еден од најдобрите ракометни голмани на сите времиња, Арпад Штербик, ја игра последната сезона во својата богата играчка кариера.
Легендарниот чувар на мрежата, кој со македонскиот Вардар пред три години испиша историја, следното лето заминува во заслужена пензија, по двете одиграни сезони во редовите на унгарски Веспрем.
Штербик по големиот успех со „црвено-црните“, со кои ја ocвои Лигата на шампионите, се реши да се врати во унгарскиот гигaнт, а иако се очекуваше дека нивната соработка ќе биде продолжена на уште една година, сепак, искусниот голман и официјално налето ќе му каже збогум на ракометната игра.
39-годишниот голман, покрај Вардар и Веспрем, ги бранеше боите и на Барселона и Суидад Реал, а на репрезентативно ниво бранеше за Југославија, Србија и Црна Гора и Шпанија.