ЈАНУШЕВ СО ПОДДРШКА ЗА СЛОБОДНОТО НОВИНАРСТВО: Овде не се работи само за Александар, туку затоа што Александар може да биде секој еден новинар која ја бpaни вистината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овде не се работи само за Александар, туку затоа што Александар може да биде секој еден новинар која ја брани вистината – напиша на својот ФБ профил генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, коментирајќи ја реакцијата на обвинителството за кривичен прогон на уредникот на Инфомакс Александар Митовски

 

Како што вели Јанушев, за политички мотивираното Русковска обвинителство во овој момент наместо да се фокусираат на „Рекет“ и затворање на сторителите од оваа афера во која се споменуваат највисоките функционери на власта, тие се обидуваат да ја замолкнат вистината.

Јанушев порача и дека деновите на оваа влада се одбројани.

Во истиот момент кога Заев декларативно ветува поддршка на медиумите и новинарите, борејќи се против непријателите на вистината и лажните вести, истиот тој Заев со криминално-рекетарската власт директно удираат по новинарите кои пишуваат за вистината.

Заев, преку политички инструираното Рускоска обвинителство, тргна во пресметка против оние кои пишуваат за спрегата на арамиите на власт и криминалното подземје.

Обвинителниот предлог за новинарот Александар Митовски (под изговор за оддавање на службена тајна) е ништо друго освен “јалов” обид за дефокусирање од соддржината на записниците кои ги објави.

Значи, поважно за власта е новинар да одговара и биде осуден, од тоа да одговараат криминалците од “Рекет”.

А, нивните имиња се токму во записниците за чие објавување политичкото Рускоска обвинителство предлага кривично да се гони новинарот Митовски.

Со нетрпение ги чекам оние мал број “заштитници” на новинарството кои сега од “скутот” на власта “анализираат” и не се воопшто гласни, и тоа токму во моментите кога треба да се биде гласен и јасен и да се брани вистината и слободата, зошто овде не се работи само за Александар, туку затоа што Александар може да биде секој еден новинар кој ја брани вистината.

Оваа хајка на криминално-рекетарската власт против новинари покажува дека нејзините денови се одбројани. – пишува Игор Јанушев на својо ФБ профил.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This