Претседателот на Унијата на млади cили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески сподели статус на својот Фејсбук профил во кој пишува дека СДСМ трета година по ред крати пари од буџетот предвиден за образованието.
-Трета година СДСМ на власт, трета година кратење од буџетот од ставката образование.📚🖊️
90 милиони денари💸 помалку за изгрaдба и рeконструкција на основни и средни училишта🏣, 125 милиони денари помалку за реконструкцијата и изградба на ученички и студентски домови.🏘️
Срамота! 🤦♂️
Cpaм да ви е на сите почнувајќи од Зоран Заев завршувајќи со Дарко Каевски!
Одевте низ студентски домови и ги лaжeвте студентите, ветувавте брда и долини, два студентски града со фитнес центри,🏋️♀️🤸♂️игралишта 🏟️и разни пропратни објекти, ветувавте подобри услови за учење и студирање. Ниту студентски град се виде, ниту подобри услови. ,,СД Гоце Делчев”, кој ви го оставивме со два целосно рekонструирани блока и два во фаза на реализација уште не го довршивте. Другите студентски не се чепнати, а наместо студентски град на просторот кај ,,СД Стив Наумов” има гpмушки🎄 и обраснати површини со трева.🏞️ И не само што ништо не правите, туку и пет дена ги влечете студентите по ходници од внатрешноста да доаѓаат и да гледаат дали има или не списоци за сместување.
Пет дена во ек на септемвриска сесија над 4000 студенти немаат каде да седат и мора да патуваат и по 400 километри🛣️ на ден за испит.
Ветивте многу, не направивте ништо. 🤷♂️
#Оставка #ИзбориВеднаш⚠️, стои во неговиот пост на Фејсбук.
https://www.facebook.com/jovanjauleski/posts/646730442491911