Сопругата на најдобриот тенисер на светот, Јелена Ѓоковиќ се подготвува за зима.
Нема вистинска српска домаќинка ако не знае да подготви – ајвар!
Јелена Ѓоковиќ се пофали на социјалните медиуми дека се подготвува за зимата, а на една од снимките покажува како прави ајвар.
„Ајвар на наш начин“, напиша Јелена во описот на видеото.
Српскиот кавијар, како што се уште се нарекува, ќе биде на менито следната зима во семејството Ѓоковиќ. Иако Ноле и Јелена се познати по тоа што се грижат за својата диета, тие сепак не се откажаа од традиционалниот српски специјалитет.