ЈОЦИ: Тунтев, СДСМ од петни жили бараше преименуваната улица ,,Петре Пирузе” да се поништи и да се врати ,,Мексичка” сега се повикува на него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатата новинарка Јорданка Ивановска-Јоци, на социјалните мрежи реагираше на изјавата на Томислав Тунтев во Собранието во која пратеникот од Охрид рече: ,,Некој мора да поведе. Ако не беше Петре Пирузе да поведе во Дебрца во 1944, којзнае што ќе се случеше”.


Јоци одговара на тоа со: „А, СДСМ, од петни жили бараше преименуваната улица ,,Петре Пирузе” да се поништи и да се врати ,,Мексичка”.

Не знаат каде тераат.
Неконзистентни до гастрит. Море до чир на 12-палачно црево“, пишува на Фејсбук.
Исто така го искоментира и говорот на премиерот Зоран Заев во Собранието, поточно делот во кој Заев нуди амнестија за настаните од 27 април во замена за глас за договорот во Грција.
„За греота. О Ч А Ј !! Со месеци обвинуваше дека опозицијата му бара амнестија за 27 април, удави со тоа на 432 прес конференции, а сега сам јавно си понуди. Поточно си ги откри намерите. Дека е подготвен на пратениците вмровци да им понуди закон, ако му се приклонат и гласаат за уставни измени. За два дена и на Груевски ќе му понуди, како тргнал. Море на сите, само да нема избори“, пишува Јоци на Фејсбук.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This