- Advertisement -
На 04.11.2021 во 23.50 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Х.(22) од с.Патишка река, скопско, поради постоење основано сомение дека сторил кривично дело кражба, а при извршен преглед кај него бил пронајден гасен пиштол „Зораки 917-T”.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.