23 починaa во Норвешка откако примија вакцина Фајзер-Бионтек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

23 лица починаа во Норвешка откако ја примија вакцината од американската компанија „Фајзер“ и германскиот стартап „Бионтек“, објави норвешката агенција за лекови.

Според извештајот на Норвешката агенција, сите смртни случаи биле забележани кај лица постари од 80 години и со послаб имунитет.

„Овие случаи не треба да предизвикуваат тревога, јасно е дека вакцината има мал фактор на ризик, со неколку исклучоци, кога станува збор за постари пациенти со послаб имунитет“, рече претставникот на норвешката агенција Стеинар Мадсен, пренесува телевизијата НРК.

Со цел да се избегнат овие инциденти во иднина, Норвешкиот институт за здравство ги промени препораките за вакцинација на постари пациенти кои исто така се хронични пациенти.

Новите упатства наведуваат дека контраиндикациите на вакцината можат да предизвикаат сериозни последици, особено кај постарите лица.

Да потсетиме, вакцинирањето против вирусот корона во Норвешка започна на 27 декември, а првите пациенти кои примија вакцина „Фајзер“ и „Бионтека“ беа корисници на домови за стари лица. Досега во Норвешка се вакцинирани 25.000 лица.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This