СТРАВОТ Е ПРОМАШЕНА МЕТОДА: Ништо, па ни стравот нема да ги убеди дека договорот со Грција е добар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аргументот на заканување и заплашување е аргумент на луѓе кои се свесни дека народот е позрел, изјави вчера пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски во гостувањето во „Отвореното Студио“ на Алфа ТВ.

  • Не можејќи да се убеди народот дека договорот од Нивици е добар, се служат со заканување – вели Милошоски.

Милошоски додава и дека Македонија кога ќе стане членка на НАТО никој не го гарантира внатрешниот поредок. Како најдобар пример за тоа тој ги посочи Велика Британија и Турција каде и покрај проблемите што ги имаа тие држави не интервенираше НАТО.

  • Тој што се заканува денес и утре ќе има таква лантетна намера да го прави тоа и во иднина. Таквото однесување е несериозно и ја потценува интелегенцијата на граѓаните. Стравот кој им се прави на граѓаните нема да ги убеди дека договорот е добар. Членството во НАТО е подобрување на имиџот на државата. Голема лага е само по себе нашата економија ќе биде подобра. НАТО нема да го средува образованието или да ги собира даноците. НАТО нема да ги поканува ниту странските инвеститори. Грција е најдобар пример. Таа е една од постарите членки на НАТО а дефакто банкротираше. Ако вашата елита наместо да води проекти и ако не работи добро вашата влада и вашиот градоначалник тогаш нема успех – изјави Милошоски.

Милошоски се осврна и на тоа дека некои повикуваа доколку нема договор и доколку не влеземе во НАТО ќе има војна. Тој притоа посочи дека имаме рамковен договор, заеднички устав тогаш која е причината некој да се заканува со војна.

Милошоски вели дека оваа држава има еден проблем а тоа е економскиот. Ако нема реален напредок според него депресијата ќе стане уште поголема но и разочарувањето.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This