„ЗБОГУМ, МАКЕДОНИЈО“: Бруталната акција на Западот, преминува на следната земја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ефтино. Бедно. И јадно. Ефтино – за Американците и нивните ЕУ пријатели. Бедно за Македонците. Јадно по демократијата и меѓународните односи.


Панос Каменос, грчкиот министер за одбрана, напиша: „Кој би можел да помисли дека во европскиот систем на вредности и демократија оние кои не гласаат по наредба се апсени, а послушните за гласањето добиваат бонус од два милиони евра валкани пари“.

На крајот, во последната етапа, одлуката за промена на името на државата, народот и бришењето на делата од историјата чинат толку: два милиони евра. За Американците и нивните ЕУ пријатели – тоа се смешни пари. За наши услови, а со обзир на важноста на донесената одлука, ништо спектакуларно.

Информирани извори велат дека некои од осумте „прелетачи“ благодарение на кои се обезбеди мнозинство во Собранието поминале подобро, зграбиле поголем дел од тој двомилионски колач. Некои помнале полошо, купени со симболични суми, но затоа се амнестирани. Нема да се вратат во затвор. Против нив ќе бидат запрени понатамошни кривични истраги.

Ефтини водчи – врвно дело

Американскиот амбасадор во Скопје ги демантираше наодите дека седел во зградата на парламентот и диригирал со целиот процес на гласање, но не треба да зачуди и ако таа информација е точна. Во референдумското преубедување на Македонците вложени се многу повеќе од два милиони евра, а Зоран Заев не успеа да ја заврши работата. Овој пат ништо не смееше да се остави на случајност.

Секако, од Западот пристигнуваат честити. Разни претставници честитаат, правеќи се дека не прочитале што напишал Каменос. Ефтини водачи се прогласуваат дека направиле врвно дело. На тој бран и неколку телеграми поддршка од Белград, испратени под наслови како што се „Путуј, Макеоднијо“ или „Македонска лекција за Србија“. Заборавиле колегите, па пропуштиле да напишат „Патувај Северна Македонијо“, и „Северномакедонска лекција за Србија“.

Македонија повеќе нема да постои. Нема да има Македонци. Туку Северна Македонија и Северномакедонци. И немојта со тоа да си играте.

Награда – тапшање по рамо.

Грците сериозно ќе ја бранат својата озиција, како и претходните децении, ќе реагираат на секоја злоупотреба на поимот Македонија. Времето ќе покаже, и тоа пред и да замислиме, дека Северна Македонија никаде нема да „патува“, ниту дека Србија ќе добие „северномакеднска лекција“. Туку, и пред северномакедонизацијата Македонците прифаќаа се што од нив беше барано. Од глупости како воспоставување на дипломатски односи со Тајван, преку серозни работи како што се имплементирањето на Охрдискиот рамковен договор, до самоубиствени, како секвенционалната примена на „тиранската платформа“, која се одигрува пред нашите очи.

И што добија со тоа? Тапшање по рамо и европска перспектива! Напнатоста во Македонија расте од година во година, граѓаните се исселуваат, младите и образовани бегаат со темпо кое дури и во балкански рамки е загрижувачко, економските прилики се тешки, социјалниот амбиент незадовоувачки. Се бележи латентна радикализација на исламскиот фактор, не така очигледна како на Косово, но сепак постоечки. Полуофицијалните информации се дека досега во Сирија загинале околу 30 македонски државјани, додека од ИСИС се вратиле 70-тина. Неофицијално, овие бројки се нешто поголеми.

Голем удар за нацијата

На сета таа неизвесност и несигурност, сега треба да се додаде нешто ново, остар судир околу идентитетското прашање. Јасно е дека мнозинството граѓани нема да ја прифатат северномакедонската одредница. Неолибераизмот го потценува човекот. Мисли дека тоа е суштество без срце и мозок, само со дебело црево. Затоа два милиони „ја решаваат работата“. Ќе се испостави дека – не решава нито. Во симулакрум може да се живее кратко. Некогаш ни толку.

Ова е голем удар на Македонците и македонското, тоа е прашање на достоинство и интегритет за секој поединец. Ако на ова се согласат, тогаш би требало да напишат: „Збогум, Македонијо“. Во секој поглед. И за тоа луѓето во Македонија се свесни.

Од друга страна, јасно е дека луѓето на власт се спремни на се за работата поради која се донесени на власт да ја спроведат до крај. Ако претседателот Ѓорѓе Иванов не сака да ја потпише одлуката, тие ќе го уапсат. Пред тоа експресно ќе спроведат процедура за отповикување. Или истовремено ќе го држат во затвор и ќе организираат импичмент. Веќе нема мерка. Сега е се дозволено, не постојат никакви бариери, морални обзири или институционални брани. Легитимизирана е бруталноста. А, како и во секоја слична стиуација, акцијата ќе роди реакција. Како внатре во општеството, така и во меѓународните односи во целина. Случувањата во Македонија го проблематизираат опстојувањето на земјата. Но, истовремено е створен и опасен преседан.

Односите помеѓу државите почиваат на споредба. Сега, бидејќи ваква бруталност е легитимизирана во Македонија, треба да се очекува да се применува и понатаму.

Велат во Србија: не кара мајка син што се обложува, туку што се вади. Наместо после „облогот“ на референдум, кога убедлива мнозинство Македонци испрати порака за тоа што мисли за Северна Македонија, меѓународната заедница да се замисли и да тргне нов круг консултации, западните земји сакаа да се „вадат“. И направија голем преседан. Како и кога им препорачаа на косовските Албанци еднострано да прогласат независност.

Има уште кандидати за „македонски преседан“.

За десет години, косовскиот преседан послужи како правна основа за одлуките во Јужна Осетија, Абхазија, Ирачки Курдистан, на Крим и во Каталонија. Колку тек ќе се користи македонскиот преседан?

Кандидати има, не можеме ниту да ги преброиме. Бидејќи, веќе нема врска дали мнозинството граѓани излегле на референдум, нема повеќе врска ни ако не постои квалификувано парламентарно мнозинство, сето тоа може да се уреди со креативно толкување и со два милиони од нешто. Не е важно кој ќе се повика прв на македонскиот преседан, Кинезите, Русите, Иранците, Индијците, Турците или некој шести, но веќе може да се претпостави дека Американците и Европјаните тогаш ќе зборуваат на сиот глас дека тоа е ефтино, бедно и јадно.

Само, за такви јадови ќе биде доцна. Ако се легитимизира бруталноста и се дозволува стварање на нова политичка реалност од страна на САД и ЕУ, треба да се очекува дека слично ќе се однесуваат и останатите актери.

Душан Пророковиќ
Спутник

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This