По неколку неделно сончево и пријатно време преку ден, температурите ќе доживеат пад а облачноста ќе почне да надвладува.
Ова барем го предвидуваат метеоролозите кои за денеска попладне најавуваат раст на облачноста посебно во западно-јужните караеви каде кон крајот на денот ќе има и локални врнежи.
Денеска утринската температура ќе достигне од два до девет степени, додека 18 е максимумот на дневната.
И во главниот град облачноста ќе превладува а 17 степени Целзиусови е темпратурата која се најавува за овој четврток.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.