- Advertisement -
Македонскиот ракометар Столе Стоилов на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се заблагодарува на едно чесно момче кое го пронашло неговиот изгубен мобилен телефон.
Момчето по име Бранко, не побарал ништо за возврат и неговата постапка е поздравена од многумина во коментарите под фотографијата.
-Овој добар дечко ми го врати изгубениот мобилен и не побара ништо за возврат. Секоја чест Бранко ова е реткост денес, напиша Столов на фотографијата.