Претежно облачно со повремени слаби локални проврнувања од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.
Во новогодишната ноќ ќе преовладува претежно стабилно и суво време, локално се можни слаби проврнувања од снег, особено на планините.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени проврнувања на слаб снег.
Максималната температура ќе достигне 6 степени.
Утре ќе се задржи суво и ветровито време. Од среда кон крајот на денот се очекува ново наоблачување проследено со врнежи од снег кои ќе продолжат и во четврток.