Благите до умерени мозочни дегенеративни процеси, кои исклучително сериозно влијаат врз менталното здравје и сопствената перцепција во просторот и времето, се најтешки за дијагностицирање бидејќи се наоѓаат на фината линија помеѓу лесна дегенерација и екстремно тешко забегување
Пример за ваква дијагноза може да биде забегувањето на соросоидните ботови и некои „новинари“ кои забегувајќи во мета-физичкиот простор на животот пронашле знак дека ВМРО-ДПМНЕ врши умствени експерименти преку контрола врз мислите на граѓаните, и тоа, ни помалку ни повеќе преку емитување на светлосни сигнали во Морзеова азбука кои значеле „POCNI DA MISLIS VO IMETO NA OTECON SINOT I SVETOTO VMRO”. Страшно.
Она што е пострашно, е фактот што на оваа забегана теорија се налепиле разни ботови кои сметаат дека ова требало да се истражи и дека би ова би можело да биде сериозна импликација за изборни нерегуларности.
Забегано!