ЗМИЈА ВО АВИОНОТ:Патничка пронашла питон во чевелот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шкотлаѓанка пронашла питон во нејзиниот чевел во авион откако прелетала речиси 15.000 километри на лет од Квинсленд до Глазгов.

Змијата се сместила во чевел, па дури и почнала да ја ослободува кожата за време на долгиот лет, објави Си-ен-ен.

Инцидентот потсетува на култниот филм „Змии во авионот“ од 2006 година, во кој Семјуел Л. Џексон игра агент на ФБИ кој се бори со смртоносни змии во авион.

Но, наместо да стапи во контакт со актерот номиниран за Оскар за помош, Моира Босал ја контактирала шкотската Организација за заштита на животните, која ја зела змијата.

„Примивме повик од жена која се вратила од одмор од Австралија и нашла мала змија во чевел во куферот“, рекла Тејлор Јонстоун од Организацијата за Си-ен-ен.

По испитувањето било утврдено дека станува збор за питон кој не е отровен. Змијата сега е во карантин во центарот за спасување на животни во Единбург.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This